Услови за Користење

Добре дојдовте на веб-страницата www.ppp.mk, веб-страница за пазарни истражувања. ППП ИНФО ДОО, од Скопје (во понатамошниот текст: „ние“ или „ППП“) е сопственик и управува со веб-страницата www.ppp.mk. Услугите коишто Ви ги нудиме на www.ppp.mk се состојат во собирање податоци и други информации поврзани со трговците и нивните корисници, a кои се од посебен интерес за трговците и корисниците и потенцијалните корисници на нивните услуги. Ние собираме и дистрибуираме поединечни и групирани информации кои се однесуваат на повратни информации од корисниците и клиентите на трговците, како и информации кои се однесуваат на пазарното опкружување. Информациите ги собираме, систематизираме и групираме, при што користиме одредена методологија. Како извор на информации користиме податоци собрани од сопствените истражувања, од официјални извори, како и податоци кои корисниците на оваа веб-страница доброволно ќе ги дадат на ППП. Ве молиме внимателно да ги прочитате условите за користење пред да пристапите да ја користите или пребарувате оваа веб-страница. Условите за користење го уредуваат вашиот пристап и начинот на користење на веб-страницата. Со самиот факт што сте пристапиле и ја користите веб-страницата www.ppp.mk, изјавувате дека ги прифаќате условите и правилата за користење. Имено, како корисник на нашата веб-страница, со самото пристапување, користење или пребарување низ оваа веб-страница или на некој материјал од неа, Вие, во Ваше име или во име на Вашата ФИРМА (институција), колку што е тоа применливо, прифаќате и потврдувате дека сте ги прочитале, разбрале и сте согласни со сите правила и услови за користење. Ако пристапувате, ја користите или пребарувате веб-страницата во име на приватна, или во име на фирма во државна сопственост, Вие прифаќате дека сте овластени и можете да ја обврзете Вашата фирма (установа) кон сите правила и услови за користење согласно со овој договор. Правото на користење на веб-страницата е Ваше лично право и не може да го пренесувате на друго физичко или правно лице. Заштитата на доверливоста на Вашата лозинка е Ваша одговорност. Ако Вие или Вашата фирма (установа), како што е соодветно, не сте согласни да се обврзете кон сите правила и услови за користење и доколку не ги прифаќате условите за користење Ве молиме да се воздржите од пристапот и од користењето на нашата веб-страница.

Промени на содржината и откажувања

Напомeнуваме дека ние го задржуваме правото за промени во кое било време и од кои било причини на Условите за користење и Политиката на приватност. Промените влегуваат во сила со нивното објавување на веб-страницата. Ви препорачуваме, повремено да ги проверувате Условите за користење и Политиката на приватност, бидејќи користењето на веб-страницата од Ваша страна по извршените промени, ќе значи дека сте согласни со промените и дека ги прифаќате. Ние може да ги откажеме или суспендираме услугите и Вашиот приод во кое било време, без најава или други причини. Вие, исто така, може да го откажете користењето на веб-страницата во кое било време без најава или од кои било причини. Напомена: Ве молиме внимателно да ги прочитате условите за користење и политиките за приватност. Политиките на www.ppp.mk се изработени на Македонски јазик.

Услуги кои ги нудиме

ППП посредува во давањето одредени дефинирани и насочени информации на своите корисници во согласност со повратните информации добиени од клиентите и корисниците на правните (трговските) субјекти. Информациите се презентирани во вид на профили со стандарден и систематизиран формат едноставен за следење и споредба. Постојат индивидуални профили на правни (трговски) субјекти за чие креирање тие сами ги поднесуваат информациите поврзани со нивниот професионален ангажман. Вториот вид се профили на корисниците на ППП. Сите описни информации за правни (трговски) субјекти се состојат од општи и специфични информации. Информациите објавени на www.ppp.mk се добиени од институциите и правните (трговските) субјекти, преку креирање на нивни профили, развој и примена на методологии за нивно субјективно и објективно категоризирање, како и собирање на податоци од институциите и правните (трговските) субјекти  кои се наменети за унапредување на услугите, производите и работата на нашите клиенти. Со ова, овозможуваме зголемување на добиените повратни информации од крајните корисници – граѓаните. Ние вршиме систематизација, селекција и уредување на овие податоци на веб-страницата и вршиме нивна дистрибуција до нашите клиенти. Напомена: Информациите кои се содржат на www.ppp.mk не претставуваат препораки од наша страна за да се користи услуга од некој правен (трговски) субјект или институција. Ние не даваме совети за користење на услуги, ниту пак препорачуваме или поддржуваме конкретни правни (трговски) субјекти и институции. Нашата цел е да им овозможиме на нашите клиенти збир од корисни информации кои може да им помогнат при изборот на вработен, услуга и/или производ. Вие како корисник на нашата веб-страница ја преземате целата одговорност во врска со изборот на правен (трговски) субјект и/или институцијата за која сакате да оставите пофалба, поплака или препорака.

Начин на користење на веб-страницата

Со самото пристапување на нашата веб-страница, при регистрацијата, ние Ви доделуваме повратно, неексклузивно и ограничено право и лиценца за пристап и пребарување на веб-страницата и материјалите од неа. Можете да копирате, симнувате, чувате и/или печатите од кој било материјал на веб-страницата, единствено за Ваша некомерцијална, лична употреба која не е за продавање, откривање или дистрибуција до некој друг. Во однос на секое дозволено копирање на материјалите од веб-страницата, крајниот корисник е обврзан да ги почитува важечките прописи во Република Северна Македонија, особено во однос на авторското право, доверливоста и други правила за сопственост кои се дел од материјалите на веб-страницата и кои треба да бидат пренесени на секоја копија. Крајните корисници на оваа веб-страница нема да поставуваат, објавуваат или на друг начин да прават достапни материјали кои подлежат на авторско право, трговска марка или други права на интелектуална сопственост, без одобрение на носителот на тие права. Корисникот е одговорен за штетата што ќе ја направи со објавување на материјали без согласност на носителот на авторското право, злоупотреба на трговска марка и други права на интелектуална сопственост. Крајниот корисник со поставување и објавување на информациите и материјалите на www.ppp.mk, ни доделува бесплатно, неповратно, временски неограничено, неексклузивно право и лиценца за користење, прилагодување, објавување и дистрибуција на тој материјал. Сите права кои не се отворено дадени се задржани за ППП ИНФО ДОО од Скопје. Крајниот корисник не смее на веб-страницата да внесува заканувачки, штетни, нелегални или навредливи податоци, информации, клевети, материјали или друга содржина, да промовира електронска комуникација со други интернет страници кои се конкурентни на www.ppp.mk и да врши политичка или верска пропаганда. ППП ИНФО ДОО не се одговорни за ваквите поставени содржини од корисниците и го задржуваат правото да ги отстранат овие, како и други содржини кои се несоодветни за веб-страницата. Од корисниците се очекува да постапуваат согласно со позитивните прописи во Република Северна Македонија. Исто така, забелешките за какво било наводно нарушување на авторските права на оваа веб-страница треба да се испратат до ППП на следната е-меил адреса: info@ppp.mk

Одржување и одговорност за податоци и лозинка

Ако сакате да пристапите кон одреден дел од веб-страницата кој се однесува на поднесување информации во врска со Вашата субјективна проценка за квалитетот, цената или други карактеристики на услугите кои ги нудат одредени правни (трговски) субјекти и/или институции, или пак друг вид материјали кои Вие сакате да ги споделите со нас, морате да изберете лозинка во процесот на регистрација за оваа веб-страница. ППП нуди два типа на регистрација:

а) регистрација за физички лица – редовни корисници. 

Со регистрацијата Вие се претставувате и гарантирате дека: имате 18 години; го користите Вашиот вистински идентитет; сте дале само вистинити, точни, актуелни и целосни податоци за Вас при процесот на регистрација и дека ќе ги одржувате и навремено ажурирате податоците кои сте ги дале со цел тие да бидат вистинити, точни, важечки и целосни. Можете повремено да ги ажурирате податоците со најавување на веб-страницата и со кликнување на копчето „Регистрирај се“.

б) регистрација за правни лица.

Со најавување на веб-страницата употребувајќи лозинка, Вие се претставувате дека сте овластени да ја користите лозинката и да се вклучите. Само Вие сте одговорни за доверливоста и употребата на Вашата лозинка, како и за секоја активност која се води на или преку веб-страницата преку Вашата лозинка. Ако сакате да ја откажете лозинката или ако забележите загуба, кражба или неовластена употреба на лозинката, Ве молиме веднаш да нè известите. 

Престанок на деловниот однос

Ние може да го раскинеме деловниот однос со клиентот или крајниот корисник во кое било време. Ние го задржуваме правото да ја укинеме лозинката или корисничкиот профил ако клиентот или крајниот корисник не се придржува на Условите за користење и ако се однесува неприфатливо според наша оцена. 

Сопственост, доверливост

ППП е во сопственост на ППП ИНФО ДОО, од Скопје. Веб-страницата е заштитена со прописите за авторски права за заштитно лого и за останатите прописи. Вие сте согласни да не влегувате во каква било активност која претставува прекршување на авторските права во однос на материјалот од веб-страницата. Прифаќате дека ППП ги селектира, усогласува, уредува и приспособува податоците и информациите во однос на правните (трговските) субјекти и институциите, како и профилите на поединечните физички лица кои доброволно ги доставиле до нас. Како корисници сте согласни дека не смеете да репродуцирате, создавате изведенки, дистрибуирате, јавно изведувате или јавно објавувате материјали од веб-страницата или од кој било дел без претходна согласност од нас. Ако не е во согласност со Условите за користење или ако не е поинаку одобрено од наша страна по писмен пат, не смеете, директно или индиректно, да пренесувате, симнувате, закачувате, прикажувате, продавате, изнајмувате, лиценцирате, префрлувате, објавувате, копирате, ставате во рамка, разложувате, расклопувате или употребувате ниту еден аспект од оваа веб-страница или некој материјал од неа (вклучувајќи и оценувања), целосно или делумно, во која било форма или на кој било начин. Исто така, корисникот е согласен дека нема, директно или индиректно, да употребува какви било оценувања за каква било цел освен за лична, некомерцијална оцена на правните (трговските) субјекти и институциите, нема да состави поштенска листа или друга листа на правните (трговските) субјекти и институциите за комерцијални цели, нема да создава независни документи со податоци или резиме на статистички податоци или да прекрши некои применливи закони или регулативи. Покрај тоа, нема да употребува метаознаки или некаков друг „скриен текст“ во кој ќе се користи името ППП без претходна писмена дозвола од нас. Ние сме посветени на почитување на авторското право и законите од соодветната област и очекуваме од сите корисници на веб-страницата, исто така, да ги почитуваат овие закони. Користењето на веб-страницата за пренесување на каква било содржина или за вклучување во каква било активност која ги нарушува авторските права или некое друго право на трето лице, значи прекршување на овие Услови за користење. Вие гарантирате на ППП дека сте сопственик, или сте поинаку законски овластени да употребувате податоци, материјали или друга содржина која ја пренесувате до или преку веб- страницата, како и тоа дека нивната употреба не го прекршува авторското право или законите од соодветната област и нема да повреди некоја личност или правно лице.

Времетраење на користењето

Корисникот е согласен дека Условите за користење ги прифатил/а во моментот на регистрацијата или со пристапувањето и користењето или со пребарувањето на веб-страницата и на некој материјал од неа. Ние го задржуваме правото, во секое време и од секоја причина, без да Ве известиме: да Ви забраниме пристап до веб-страницата, до материјалот од неа или до сè што е поврзано со неа; да ја промениме, отстраниме или да ја укинеме веб-страницата, некој дел од неа или некој материјал и услуги кои се достапни на веб-страницата или до кои се доаѓа преку неа. Всушност, го задржуваме правото да ги промениме Условите за користење. 

Нашата Политика на приватност

За нас заштитата на личните податоци на нашите корисници е многу важна. Затоа, усвоивме Политика на приватност со која се дефинира нашата дејност за собирање на лични податоци. За повеќе детали за тоа како ги собираме и користиме личните податоци од корисниците на веб – страницата прочитајте во Политиката на приватност. Со прифаќањето на Условите за користење, Вие автоматски се согласувате и со Политиката на приватност, којашто е составен дел на Условите за користење. 

Врски до другите веб-страници

Веб-страницата може да содржи врски до другите веб-страници на светската интернет мрежа заради нејзино полесно користење од страна на нашите корисници. Другите веб-страници ги одржуваат трети лица над кои ние немаме контрола. Според тоа, не сме одговорни за содржината, политиките и дејноста на овие веб-страници, како и за достапноста, точноста, веродостојноста, комплетноста, валидноста, квалитетот, производите и услугите достапни или рекламирани на или преку овие трети веб-страници. Покрај тоа, овие врски не подразбираат, директно или индиректно, наше прифаќање или здружување со некоја друга веб-страница, нејзин сопственик или некој податок, производ или услуга кој го дава некое трето лице. Кога излегувате од нашата веб-страница, треба да знаете дека нашите услови и политики повеќе не се применливи и затоа треба да ги прегледате Условите за користење и Политиката на приватност на секоја веб-страница. Дозвола за употреба на Вашите поднесоци – Некои или сите податоци (освен податоците дадени при регистрацијата, кои треба да се третираат како што е дефинирано во останатите одредби од Условите за користење), предлози, повратни информации, концепти, објаснувања и други материјали кои ги објавувате или ни ги нудите на самата веб-страница или во врска со неа, некој материјал од веб-страницата (Поднесоци) се поднесуваат без ограничување или очекување за доверливост. Оттука, без надомест или понатамошни обврски, ни ги префрлувате сите досегашни или идни права, дозволувате други да ги употребуваат или ни го префрлате правото да ги користиме сите поднесоци. Понатаму, се согласувате Вашите поднесоци да се употребуваат без ограничување за каква било цел, комерцијална или поинаква, без надомест за Вас, вклучувајќи го и правото за употреба, репродуцирање, изменување, прилагодување, објавување, префрлување, јавно изведување или прикажување, преведување, создавање изведенки или поинакво споделување со јавноста на поднесоците на оваа веб-страница или на некое друго место од наша страна, од нашите застапници или други лица на кои сме им дозволиле да ги користат Вашите поднесоци. Корисникот е согласен да не бара никакво право на сопственост или морално право од кој било вид за каков било поднесок. 

Доверливост на интернет

Употребата на интернетот е исклучиво на ризик на корисникот. И покрај тоа што вложуваме напор да создадеме безбедна и веродостојна веб-страница, Ве советуваме дека доверливоста на целата комуникација или пренесен материјал преку интернет не може да биде загарантирана. Следствено, ниту ние, ниту нашите партнери не се одговорни за безбедноста на секој податок кој се пренесува преку интернет, точноста на податоците содржани на оваа веб-страница, или последиците од довербата во информациите. Вие мора сами да одлучите дали ќе ја користите веб- страницата. Ниту ППП ИНФО ДОО, ниту некој од вработените, ниту трети даватели на услуги не гарантираат дека веб-страницата нема да биде прекината или дека нема да има грешки, ниту пак гарантираат за последиците кои можат да настанат со нејзиното користење. Корисникот потврдува дека ППП не одговара за какво било несоодветно и противзаконско однесување на трети лица или на другите корисници и не е одговорна за ризикот од евентуалната штета што би настанала како резултат на таквото однесување. За неа одговара само корисникот. 

Следење на веб-страницата

Ние го задржуваме правото да ја следиме и снимаме активноста на веб-страницата без да Ве известиме или да бараме дозвола од Вас. ППП ќе објави податоци, електронска комуникација, информации, материјали или друга содржина од секаков вид: доколку верува дека е потребно за правна или законска процедура; доколку објавувањето е неопходно или соодветно за работата на веб-страницата; или да ги заштитиме нашите права и сопственост, како и правата и сопственоста на нашите корисници, клиенти и/или деловни партнери. 

Настани надвор од нашата контрола

Користењето на веб-страницата и нашите услуги може да биде прекинато од причини кои не зависат од ППП ИНФО ДОО. Според тоа, ППП ИНФО ДОО и поврзаните оператори на www.ppp.mk не можат да бидат одговорни ако поради тие прекини дојде до губење на податоци при преносот на информациите. ППП ИНФО ДОО и нашите партнерски компании ќе настојуваат да обезбедат континуирана достапност 24 часа дневно во текот на 7 дена во неделата. Сепак, доколку дојде до прекин од причини кои се надвор од контрола на ППП ИНФО ДОО и нашите партнерски компании, корисникот го прифаќа и се согласува со можниот прекин или привремена недостапност на веб-страницата. Вие нè ослободувате нас и нашите застапници од сите тврдења за штета кои произлегуваат од причина/и над кои ние или тие немаме директна контрола, вклучително, но не и ограничено, на откажување на електронската и механичката опрема или комуникациските врски, телефоните или други проблеми со интерконекцијата, компјутерските вируси или другите штетни кодекси или податоци, неовластен пристап, кражба, грешки на операторот, временски несреќи, земјотреси, елементарни несреќи, штрајкови или други проблеми, војни или владини рестрикции и објавување на Вашите лични правни податоци кои Вие сте им ги дале на трети лица преку врските на нашата веб-страница.

Одрекување

Веб-страницата и материјалите на неа се дадени на база „како што е“ и „како што е достапно“ и се наменети само за информативни цели. Додека ние сме согласни да обезбедиме најточни, ажурирани информации, материјалот на веб-страницата може да содржи технички или други недоследности или печатени грешки и може да биде променет или ажуриран без претходно известување. Во најголема можна мера согласно со законот којшто се применува, се оградуваме од сите гаранции од секаков вид, било изразени или затскриени, а се оградуваме и од:

а) сите гаранции во врска со достапноста, точноста, веродостојноста, комплетноста, валидноста, квалитетот, работата или прикладноста на веб-страницата, материјалот на неа или кој било производ, услуга или резултат добиен од или преку веб-страницата и
б) секоја скриена гаранција на наслов, непрекршување, можност за продажба или приспособливост за одредена цел. Ние не даваме ветување или гаранција од каков било вид, отворено или прикриено, дека веб-страницата или некој материјал од неа ќе Ви помогне да одредите правен (трговски) субјект или соодветна институција.

Не ветуваме и не гарантираме дека оваа веб-страница ќе работи непрекинато, без грешки или без вируси или други штетни компоненти или дека дефектите, доколку ги има, ќе се поправат. Вие се согласувате дека употребата на веб-страницата или материјалот од неа е целосно на Ваш ризик. Понатаму, отворено се оградуваме од одговорност и доверливост во однос на посебните договори кои ги склучувате со трети лица кои нудат производи или услуги на или преку оваа веб-страница.

Ограничување на одговорност

Ниту ППП ИНФО ДОО, ниту нашите вработени, ниту огласувачите – трети лица не гарантираат дека користењето на веб-страницата нема да биде прекинато или дека ќе биде без грешки, ниту гарантира за точноста и сигурноста на информациите и материјалите, услугите и производите објавени на веб-страницата, како и за последиците кои можат да настанат со употреба на оваа веб-страница, некој од материјалите на неа или некои производи или услуги добиени од или преку неа. Корисникот се согласува дека користењето на веб-страницата е на негова одговорност. Во случај на некој проблем со неа, материјалот од веб-страницата или некој производ или услуга добиени од или преку неа, единствено решение за Вас е да престанете да го користите тој производ. Корисникот потврдува дека ние не сме одговорни за несоодветно, навредливо и противзаконско однесување на другите корисници на веб-страницата и дека ризикот од евентуалната штета што ќе настане како резултат на таквото однесување е на Корисникот. Ниту ние ниту физичките или правни лица кои учествувале во создавањето на оваа веб-страница и нејзиното производство и дистрибуција или со неа поврзани содржини, како и кој било софтвер нема да бидат одговорни за евентуалната штета што би настанала како последица на користење или неможност за користење на веб-страницата. Со понапред наведените услови , ниту ППП ИНФО ДОО ниту давателите на информации или партнерите кои ја уредуваат веб-страницата нема да бидат одговорни за каква било грешка, неточност или други недостатоци и несоодветност на информациите кои се наоѓаат на неа. Ова се однесува и за евентуалниот прекин во преносот на информациите и на какво било побарување или загуба кои би произлегле од тоа. 

Надомест на штета

Корисникот се согласува дека за каква било штета тврдења, процеси, повреди, одговорности, загуби, трошоци и надоместоци на штета, вклучувајќи ги и трошоците за правно застапување кои би произлегле од Вашата употреба на оваа веб-страница нема да го смета за одговорно друштвото ППП ИНФО ДОО, вработените лица и агенти, наследници и доверители.

Што во случај на спор?

ППП ИНФО ДОО е сопственик на www.ppp.mk со седиште во Скопје на адреса: ул. Славејко Арсов 70А, 1000 Скопје, Република Северна Македонија. Правните спорови кои се поврзани со некоја активност која произлегува од содржината на веб-страницата, употребата на материјалот од неа или негова неовластена употреба, репродукција или реиздавање и друго, се во надлежност на судот во Скопје и се во согласност со позитивните прописи во Република Северна Македонија. Корисниците кои ја користат веб-страницата се согласни дека сите спорови кои ќе произлезат или се во врска со Условите на користење се во надлежност на судот во Скопје. 

Соопштенија и контакт со ППП

Сите соопштенија ќе Ви бидат испратени по е-пошта (е-меил) на адресата која сте ја пријавиле при регистрацијата. Соопштенијата ќе бидат веродостојни по еден работен ден од испраќањето на е-пошта. Ако имате некои прашања во врска со Договорот за користење, веб-страницата или материјалот од неа или ако треба да нè известите за нешто, контактирајте нè преку делот „контакт“, на е-меил адреса info@ppp.mk 

Разно

Потврдувате дека, доколку Ви се даде пристап до и употреба на веб-страницата и материјалот од неа, ние се потпираме на овие Услови за користење.