За Нас

WWW.PPP.MK е компанија која нуди истражувачки и маркетинг услуги.

Истражувачките активности се однесуваат на пазарни истражувања и испитувања на јавното мислење на граѓаните за одреден правен (трговски) субјект и/или институција.

Нашите истражувања се одвиваат непрекинато 24/7. Вашите корисници ги оставаат нивните пофалби, поплаки и препораки (одговори, коментари и/или критики) на нашата веб страна која користи специфичен алгоритам за анализа на податоците согласно барањата на нашите клиенти (правните трговски субјекти).

ЗА КРАЈНИТЕ КОРИСНИЦИ – ГРАЃАНИТЕ:

WWW.PPP.MK е компанија која Ви помага АНОНИМНО да оставите пофалба, поплака или препорака за вработен и и/или производ/услуга за одреден трговец.

Вашата пофалба, поплака или препорака може да ја види само трговецот на неговиот профил без да бидат објавени Вашите лични податоци – име и презиме, маил, телефон и други податоци кои ги имате споделено со нашата веб страница.

Трговецот ја гледа само вашата оцена и коментар (доколку е оставен) поврзани со пофалба, поплака или препорака за вработен и и/или производ/услуга понудена од трговецот.

НАПОМЕНА: Едно лице може да остави оцена и коментар еднаш во денот за еден трговец.

ЗА ТРГОВЦИТЕ:

WWW.PPP.MK е компанија која Ви помага постојано да бидете во тек и да можете секојдневно да го следите квалитетот на Вашите услуги и/или производи, задоволството на клиентите од Вашите вработени, Вашите услуги и/или производи на начин кој обезбедува доверливост на информациите и ексклузивност во обработката.

Податоците можете да ги видите само Вие како сопственик/менаџер/управител на компанијата преку сопствениот профил на WWW.PPP.MK.

WWW.PPP.MK обезбедува платформа на која Вашите клиенти можат да остават пофалба, поплака или препорака и притоа да останат анонимни, а со цел зголемување на нивните позитивни и/или негативни критики, што претставува клучен придонес за развојот на Вашата компанија.

WWW.PPP.MK обезбедува лесен и ефективен начин за добивање повратни информации од клиентите преку само неколку кликови.

Информациите од клиентите можете да ги видите само Вие како сопственик/менаџер/управител на компанијата преку сопствениот профил на WWW.PPP.MK.

Придобивки за трговците

  • Пазарно истражување во реално време;
  • Истражувањето никогаш не е запрено, постојано е во тек;
  • Секојдневни повратни информации од клиентите/корисниците;
  • Заштита на огромни средства за пазарни истражувања;
  • Достапни информации во секое време;
  • Реален фидбек (поврат на информации);
  • Анонимни резултати.

НАШИ ПРИНЦИПИ

  • Доверливост;
  • Искреност;
  • Валидност;
  • Објективност;
  • Фокусирани на клиентот.